СДСМ Прилеп: Граѓаните да не го следат лошиот пример на Мицкоски, да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19

СДСМ Прилеп: Граѓаните да не го следат лошиот пример на Мицкоски, да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19

Прес конференција

Филип Попоски – портпарол на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Христијан Мицкоски, нема ниту жал, ниту грижа за заразените од коронавирусот и секојдневните натчовечки напори на здравствените работници да ја одржат пандемијата под контрола.

Уште еден во низата докази кои го потврдуваат неговото незрело и неодговорно однесување, е вчерашниот инцидент за кој слушна целата јавност, а во кој лично Мицкоски ги прекршил мерките за спречување на заразата, седел во затворен дел во кафеана иако тоа е најстрого забрането според мерките за заштита од Ковид-19.

Згора на се’ Мицкоски преку Наќе Чулев и неговите структури во МВР, правел се’ за да се сокрие и да не биде забележан од инспекциските служби, кои дошле во кафеаната.

Вчерашно однесување на Мицкоски, е директен доказ дека овој незрел политичар, поттикнува непочитување на мерките за заштита од вирусот, како и неказнување на сите оние кои ги прекршуваат рестриктивните мерки.

На ваквото неодговорно однесување на Мицкоски и Чулев, се надоврзуваат и нивните локални послушници, прилепските кандидати за пратеници, Петар Ристески и Ане Лашкоска кои, неодамна присуствуваа на масовни собири, ги прекршија законските уредби за заштита од коронавирусот и од тоа самите објавија слики.

Мицкоски, Чулев и нивните послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботираат борбата со коронавирусот, со што директно го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Ова е класично режимско однесување на Мицкоски, кое во ништо не се разликува од времето на МВРО-ВМРО, кога институциите беа во служба само на неговата партија.

Нема ништо човечко во однесувањето на Мицкоски, затоа што теретаната и кафеаните му се поважни од здравјето на граѓаните.

Срамот од незрелото и лицемерно однесување на Мицкоски, е голем. Но, одговорноста е уште поголема. Во ваква ситуација, политичарите мораат да бидат пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови од коронавирусот.

Ги повикуваме граѓаните, да не го следат неодговорниот пример на Мицкоски. За разлика од него, да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, со што ќе го заштитат своето здравје, здравјето на своите најблиски и јавното здравје.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …