СДСМ Прилеп: „Отчетот“ на Борче Јовчески е манипулативно книжуле кое не може да ја прикрие неговата неспособност

СДСМ Прилеп: „Отчетот“ на Борче Јовчески е манипулативно книжуле кое не може да ја прикрие неговата неспособност

Прес-конференција на претседателот на ОО СДСМ- Прилеп, Зоран Пачешкоски

Почитувани граѓани,

Вчерашниот таканаречен „отчет“ на градоначалникот Борче Јовчески, потврди две работи: дека Јовчески одамна изгубил контакт со реалноста и дека е најголемата елементарна непогода која било кога го зафатила Прилеп.

Неспособноста да ги реализира изборните ветувања, да испорача резултати, да ги направи функционални јавните претпријатија, да ја менаџира општинската администрација, прилепскиот градоначалник ги покрива со лаги. Со ноторни и бесрамни лаги!

Па така, реконструираните плоштади, новоизградените фабрики, намалените општински долгови, стипендиите за студенти, ги има само во главата на Јовчески и никаде на друго место.

Реалноста која тој одбива да ја прифати, е сосема поинаква: После поминати две и пол години во градоначалничкиот кабинет и потрошени 45 милиони евра пари на граѓаните на Прилеп, градоначалникот Јовчески има НУЛА реализирани проекти!

Повторувам: Борче Јовчески и Дејан Проданоски имаат потрошено 45 милиони евра за две и пол години локална власт!

Резултатите на загрижувачкото нефункционирање на локалната самоуправа и нејзиниот прв човек, Борче Јовчески, се видливи на секој чекор:

  • Енормно зголемен данок на имот;
  • Јавни претпријатија доведени пред банкрот;
  • Зголемени цени на комуналните услуги;
  • Очајна состојба на сообраќајната инфраструктура;
  • Процут на дивото градење;
  • Потрошени стотици илјади евра за вдомување партиски војници и блиски роднини на партиски функционери на ДПМНЕ.

Почитувани,

Што добро може да се каже за градоначалник кој потрошил повеќе пари за икебани, отколку за капитални инвестиции?

Ниедно манипулативно книжуле наречено „Отчет“, не може да ги демантира споменатите аргументи кои се доказ за двеиполгодишното срамно раководење на општина Прилеп од страна на Борче Јовчески.

Борче Јовчески, човекот кој беше избран да ги решава проблемите на граѓаните на општина Прилеп, и самиот стана проблем за прилепчани.

Од тие причини, неговата итна и неотповиклива оставка од градоначалничката функција ќе биде најдоброто нешто што Јовчески го направил и за граѓаните, но и за себе.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

„Не може да го заборавиме 27 април, 2017 година, кога државата беше доведена на раб …