СДСМ Прилеп: Селективна правда на Борче Јовчески - има пари за партиски вработувања, ама не и за првачињата

СДСМ Прилеп: Селективна правда на Борче Јовчески – има пари за партиски вработувања, ама не и за првачињата

Прес-конференција на Александар Китаноски, член на Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ

Почитувани,

Кога на истекот од првата година од четиригодишниот мандат, вработувањето на 40 партиски војници во општинската администрација ќе биде неговото најголемо и единствено „достигнување“, тогаш нема никаква дилема дека Борче Јовчески е најлошиот градоначалник во историјата на Прилеп.

Ноторна лага е дека новите вработувања се должат на зголемениот обем на работа на локалната самоуправа. Вистината е дека енормното зголемување на администрацијата е неуспешен обид за покривање на нереализираните изборни ветувања и купување на изгубената доверба на Јовчески кај неговите сопартијци.

Впрочем, најдобар доказ дека вработувањата се прават без никаков план и претходна анализа, е тоа што три месеци пред завршувањето на календарската 2022 година, градоначалникот Јовчески веќе ги потроши планираните 12 милиони денари за времени вработувања .

Од тие причини, со претстојниот ребаланс, за истата намена од општинскиот буџет ќе бидат одделени нови 3.5 милиони денари. Тоа значи дека за задоволување на хировите на Јовчески и неговата „паралелна“ администрација, само за една година граѓаните на Прилеп од свој џеб ќе платат неверојатни 250.000 евра.

Притоа, колку и да звучи неверојатно, за исти работни позиции платите на нововработените се повисоки од оние на редовно вработените.

Дека градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ се целосно незаинтересирани за проблемите на прилепчани и за начинот на кој ги трошат парите на даночните обврзници, потврди последната седница на општинскиот Совет.

Имено, Јовчески и советниците на ДПМНЕ останаа „глуви“ на предлогот на СДСМ и Коалицијата за исплата на еднократна субвенција во висина од 5.000 денари за секое семејство кое има прваче во учебната 2022/2023 година.

После бранот поскапувања  донесени на последната седница на Совет и тоа 67% за комуналните услуги, 23 % Водовод, 50 % градскиот превоз, секоја финансиска помош за семејствата на повеќе од  700 првачиња ќе беше добредојдена.

За жал, една голема лага е и  ветувањето од страна на градоначалникот Јовчески за субвенционирање на оброкот за сите ученици од прво до петто одделение, со што покажа отсуство за интересите и потребите на нашите најмлади сограѓани.

Градоначалниче Јовчески, во пресрет на годишнината од седнувањето во градоначалничката фотелја, граѓаните на Прилеп со нетрпение очекуваат да им објасните каде и како ги трошите нивните пари.

Прочитајте повеќе

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

Oператорите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, …