СДСМ Прилеп: Спрема ли Абрашоски ценовен шок за граѓаните преку поскапување на услугите на „Комуналец“?

СДСМ Прилеп: Спрема ли Абрашоски ценовен шок за граѓаните преку поскапување на услугите на „Комуналец“?

Прес-конференција на Ивона Кузмановиќ, член на ИО на СДСМ

Почитувани,

Кога ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал и непотизам, тоа е исто како кога арамијата вика „Фатете го арамијата“!

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која преку секојдневно поткопување на националните интереси, 30 години работи на систематско разградување и уништување на државата.

Непотизмот кој го инсталираа во највисоките државни институции, а во кој премиери, министри, директори на тајните служби, пратеници, градоначалници и други функционери беа меѓусебно поврзани и испреплетени во блиски роднински врски, го претворија во систем на функционирање.

ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки обезличена и кадровски руинирана партија. На секое ниво – и по хоризонтала, и по вертикала. Печатот кој зад себе го остави злосторничкото здружување, уште долго ќе биде симбол на злото, лажниот патриотизам и криминалот од епски размери.

Истото тоа е комплетно пресликано и на локално ниво.

Во последните 3 децении, цели 22 години власта во нашата општина била во рацете на ДПМНЕ. Неспособноста на нивните кадри да го направат Прилеп подобро место за живеење, кулминира после минатогодишните локални избори.

Градоначалникот Борче Јовчески се занимава со се’, освен со она за коешто ја доби довербата на граѓаните. Градот е потонат во сивило, без никакви градежни активности, без реализација на ниту еден од ветените проекти. И не само што нови проекти нема и нема да има, туку Јовчески не знае да ги реализира ниту проектите за кои актуелната Влада обезбеди средства.

Она што Борче Јовчески единствено знае да го работи, е вработување на блиски роднини и пријатели во општинската администрација, која во моментов достигна неверојатна бројка од 200 вработени.

Во исто време, директорите на јавните претпријатија се директно инволвирани во секојдневни скандали, од размери какви што прилепчани досега не виделе.

Директорот на „Пазари“ самоволно си ја зголеми платата за 20.000 денари.

Неговиот колега од „Водовод и канализација“, другарот на градоначалникот Јовчески, во екот на финансиска криза измислува нови работни места за да ги вдоми братот на вечната пратеничка Ане Лашкоска, но и вечната советничка, координаторка на советничката група на ДПМНЕ и заменичка на градоначалникот, Ирена Стерјовска-Локвенец.

Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови ги редуцираше линиите на градскиот превоз, но затоа пак ги зголеми цените на паркингот.

Она, пак, што се случува во „Комуналец“, е најголемиот срам за каков не можат да посведочат ниту повозрасните наши сограѓани.

Управителот на „Терминал-Комуналец“, фирма ќерка на ЈКП „Комуналец“, два месеца не се јавува на работното место бидејќи заминал во едно од туристичките места во Хрватска да работи како келнер. За тоа време, претпријатието е со блокирана сметка, а вработените 3 месеци не зела плата.

И наместо да преземи одговорност за невидениот и досега нечуен скандал, директорот на „Комуналец“, Рубин Абрашоски одржува бесмислени прес-конференции, обвинувајќи кого ќе стигне. Виновни се сите, само тој не.

Прашањето кое се наметнува само по себе, е која е позадината на ваквото нелогично однесување на Абрашоски и неговите хаотични прес-конференции? Дали Абрашоски и Јовчески им спремаат ценовен шок на прилепчани?

За да се расчистат сите шпекулации, во оваа прилика до директорот Абрашоски и градоначалникот Јовчески упатуваме директно прашање: Дали претстои покачување на цените на услугите на „Комуналец“? Односно, дали вашата неспособност да го менаџирате претпријатието ќе ја покривате со поскапување цените за фантастични 70 до 100 отсто?

Господа од локалната власт, во интерес на вистината, а пред се’ во интерес на транспарентноста во вашето работење, очекуваме да излезете пред граѓаните и да одговорите на прашањето за кое прилепската чаршија се’ погласно зборува.

Прочитајте повеќе

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

По првиот круг јасно е дека Македонија е земја на национализмот, негуван како дива орхидеја. …