СДСМ: Ребалансот на Буџетот за 2021 обезбедува повеќе пари за капитални проекти, сите пратеници да го поддржат

СДСМ: Ребалансот на Буџетот за 2021 обезбедува повеќе пари за капитални проекти, сите пратеници да го поддржат

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Ребалансот на Буџетот за 2021 година е во насока на обезбедување повеќе пари за капитални инвестиции, за вложување во човечкиот капитал, со што ќе се влијае на економскиот раст и животниот стандард на граѓаните.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.

Се фокусираме на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина.

Со предложениот ребаланс на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.

Ребалансот на Буџетот за 2021 година е во насока на приоритетите на Владата, кои до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.

Овој важен документ е потврда на заложбите на СДСМ и коалицијата за градење на стабилна, развојна економија која ќе продуцира зголемен раст и носи шанса за сите.

Апелираме до сите пратеници, да покажат одговорност и да гласаат за усвојување на ребалансот на Буџетот за 2021 година.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …