СДСМ

СДСМ: Се грижиме за подобри услови за младите – 15 милиони евра за субвенционирани оброци за 40.000 студенти

СДСМ заедно со СДММ создава и спроведува бројни мерки и политики кои овозможуваат зголемување на студентскиот стандард и обезбедување подобри услови за живот на младите во државата.

Во тој правец се и измените и дополнувањата на законот за субвенциониран студентски оброк, усвоени во Собранието, по поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија.

Со оваа мерка се опфатени околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметка ќе добијат средства за субвенционирани оброци.

Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците.

Имените оставаат можност корисникот на субвенционираниот оброк да може да го оствари своето право кај секој еден трговец.

Оваа мерка значително ќе го олесни секојдневието на студентите, ќе се унапреди студентскиот стандард, ќе се зголеми финансиската стабилност и секој студент ќе може да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк во своето место на живеење.

Како одговорна партија, остануваме целосно посветени на мерките и политиките што го унапредуваат животниот стандард на младите, создаваме подобри услови за сите млади во нашата земја.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Ни треба силна СДСМ во Парламентот, да не дозволиме враќање на режимското минато

Ковачевски: Ни треба силна СДСМ во Парламентот, да не дозволиме враќање на режимското минато

„Само силна СДСМ во Парламентот може да спречи враќање на темното режимско минато кога ВМРО …