СДСМ: Со 65 пратеници во Собранието се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство

СДСМ: Со 65 пратеници во Собранието се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство

Прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани,

Со гласање на 65 пратеници во Собранието денеска се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство.

За жал, поради кочење и блокади на опозициската ВМРО-ДПМНЕ непотребно се изгубија 10 дена во Собранието.

Наместо дебата и аргументи, слушаме навреди од опозицијата, омаловажувања, невистини. Сами на себе си реплицираа пратениците од опозицијата, само за да се одолговлекува, да се трошат пари на граѓаните.

Зошто? Само затоа што пропаднаа сите лажни изјави на Христијан Мицкоски дека ќе има ново мнозинство, дека владата само што не паднала.

Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ е во целосно заложништво на Левица. Без компас, дефицит на идеи и без политика ВМРО-ДПМНЕ се фрли на блокади, одолговлекувања, по секоја цена.

Од тоа одолговлекување граѓаните имаат само штета, немаат никаква корист.

Поради ова нерзаумно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден се трошат по 55.000 евра, пари на граѓаните, среде криза.

Во време на ковид криза блокираа помош, во време на енергетска криза, блокираа помош, сега што блокираат ниту они не знаат. Само колку да се кочи нешто.

Ние се воздржуваме, сепак правото за дискусија и за говор е неприкосновено, но се трудиме да не паднеме на ниското ниво на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние, пратениците од парламентарното мнозинство ќе го издржиме и ова деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Спремни сме по цели денови во Собранието да ги браниме интересите на граѓаните и да ја сведеме на минимум штетата што ја прави ВМРО-ДПМНЕ.

Со завршување на реконструкцијата, обезбедуваме политичка стабилност, зголемена ефикасност на Собранието и побрзо носење на законите.

Тоа ќе придонесе забрзано да продолжиме со реализација на реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Дамева

Тубуленции во Судскиот совет: Дамева поднесе оставка

На прес-конференција во Скопје, Весна Дамева посочи дека нема слух за подобрување на состојбите во …