Прес-конференција, Јагода Шахпаска, носителка на кандидатската листа на СДСМ од ИЕ 3
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Со вистинска статегија, со инвестиции во сите сегменти од здравствениот сектор овозможуваме подобри услови за работа на здравствените работници и за лекување и нега на пациентите.
Нашиот здравствен систем со децении наназад беше заборавен, целосно атрофиран, а здравствените работници беа заборавени и деградирани.
За само три години, Владата предводена од СДСМ, преку вложувања во сите сегменти – инфраструктура, опрема, терапија, персонал овозможи функционално и квалитетно здравство за сите.
Реализиравме бројни капитални инвестиции, со што реконструирани и обновени се повеќе од 30 јавни здравствени установи ширум државата.
Целосно ги реконструиравме Интензивна нега на Клиниката за неврохирургија, Клиниката за хематологија, Клиниката за пластична хирургија, за дигестивна хирургија, Клиниката за гастро ентерохепатологија.
Целосно се реновирани операционите сали на Клиниката за ортопедија, како и службите за Итна медицинска помош во Здравствените домови во Велес и Битола.
Ги пуштивме во употреба новиот Ургентен центар во Куманово и Кардиоваскуларниот центар во Градската општа болница „8 Септември“.
Од темел го изградивме новото одделение во Психијатриската болница во Негорци и машкиот оддел во Психијатриската болница во Демир Хисар.
Ја завршивме првата фаза од реконструкцијата на Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, а во завршна фаза е Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Во Поликлиниката „Железара“ формиравме нов дијагностички кабинет, ги обновивме кабинетите за физикална и рехабилитациска медицина и набавивме најмодерна медицинска опрема за подобра здравствена грижа за пациентите.
Дури и во услови на здравствена криза ја финализиравме изградбата и опремувањето на Општата болница во Струмица, проект започнат пред цели 33 години, а кој ќе опслужува 200.000 жители од Струмица и околните општини.
Почитувани,
Во овој период на сериозна закана од вирусот Ковид-19 реагираме организирано и со план. Ја поставивме монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје, која сега се користи како КОВИД центар, но во иднина ова ќе биде ургентен центар на Инфективната клиника за тријажа на пациентите.
Го искористивме просторот од илјада метри квадратни, кој со децении беше нефункционален и неискористен.
Преку донации обезбедивме опрема и средства за зголемување и подобрување на болничките капацитети, современа медицинска апаратура која сега ќе помогне во лекување на пациентите со ковид-19, а во иднина ќе остане во нашите јавни здравствени установи.
Гграѓаните заслужуваат стабилен здравствен систем, навремена здравствена услуга и современи услови за лекување и на тоа посветено работиме.
Затоа што знаеме како, затоа што можеме.