СДСМ: Срамна седница на Советот на Град Скопје, хаосот со ЈСП е пример што следува кога ДПМНЕ ќе добие власт

СДСМ: Срамна седница на Советот на Град Скопје, хаосот со ЈСП е пример што следува кога ДПМНЕ ќе добие власт

Прес-конференција на Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје

Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје.

ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, граѓаните да не можат да стигнат никаде навреме а вработените да не може да земат плата.
Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство и е власт ,на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства за да може да им се исплати плата.

Срамно, тажно и само заради лични хирови на Мицкоски, советниците на ДПМНЕ се противеа на доделување финансиски средства за да може да функционира ЈСП.

Мораше да биде свикана уште една вонредна седница со голема поддршка од повеќе советнички групи во Советот на Град Скопје за да може да продолжи со работа ЈСП, а вработените да земат плата.

Советниците на СДСМ и коалицијата се на страната на работниците и на страната на скопјани и Ве уверуваме дека ќе продолжиме да делуваме во интерес и за доброто на граѓаните.

Сеопфатно решение за јавниот превоз во Скопје има. Тоа е Бас Рапид Транзит, и што поскоро овој проект треба да се релизира.

За жал 2,5 години ДПМНЕ го кочи проектот за БРТ, проект за кој има обезбедено финансиски средства, идејно решение, гарантиран проект од страна на ЕБОР, Владата, Министерството за финансии и Собранието, проект во кој Град Скопје нема да има никакви финансиски обврски. БРТ се кочи само заради лични и политички хирови.

Почитувани,
На вчерашната седница на советот се случи уште еден скандал.

Додека Скопје немаше автобуси, додека надвор на улиците мрзнеа вработените во ЈСП кои си ги бараа своите плати, советниците на ДПМНЕ по групи и пораки договараа како да ги изиграат вработените.
За ДПМНЕ апелот,крикот и борбата за плата за која вработените во ЈСП чесно ја сработеле е средство за поигрување со работниците и можност за политички пазар и „зезнување“.

Од една страна се противат на одлуката да им се доделат субвенции, а од друга страна се потсмеваат со тешката состојба на вработените во ЈСП, на 1.300 семества, состојба во која токму ДПМНЕ ги стави.
Ништо се нема променето во ДПМНЕ. Оваа партија е против народот и против работниците.

Хаосот што се случува во ЈСП,во Скопје и останатите општини е пример за тоа што следува откако ДПМНЕ ќе добие власт.

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …