сдсм

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во бунило, почна да го промовира Зоран Заев

Соопштение на СДСМ:

Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ.

Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО.

Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор, наспроти политиките на поделби, национализам и криминал и тоа е една од најголемите болки на режимското ДПМНЕ.

Конечно, нелегално снимениот разговор покажува дека нема спас за криминалните тајкуни на ВМРО ДПМНЕ и дека одговорност за секој што го прекршил законот ќе има.

По ова прашање, преку својот фејсбук профил се огласи и Зоран Заев:

„После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови“, напиша Заев на својот профил.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …