ДПМНЕ Крушево против граѓаните и Општината

ДПМНЕ Крушево против граѓаните и Општината

Пишува: Сотир Габелоски

Како што делува на централно, така ДПМНЕ делува и на локално ниво – деструктивно, исклучиво во партиски интерес и контра се’ што доаѓа од спротивната страна. Со секоја своја постапка, ДПМНЕ покажува дека не е реформирано, дека груевизмот е жив и дека како и секогаш, своите интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните и државата.

ДПМНЕ Крушево не се приклучи на ниту една општествена акција. Освен двајца советници од нивните редови, ДПМНЕ Крушево не реализира ниту една акција во борбата со коронавирусот. Откако е во опозиција, ДПМНЕ Крушево го прави она што најдобро го знае – клевети, лаги, опортунизам. Резиме: Функционирањето на ДПМНЕ на локално ниво, покажува колку биле во право крушевчани на 15 октомври 2017 година.

Ова деструктивно и недржавничко однесување на опозицијата во Крушево, е потпомогнато од блиските до нив портали, кои се „инфлуенсери“ и промотори на нивните манипулации. Порталите како „Маркукуле“ се секогаш рамо до рамо со ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, додека она што доаѓа од другите партии и од општината, за нив не постои, не е важно и не го гледаат. Ист табиет како и во времето на режимот.

ДПМНЕ сеуште не може да се помири со поразот од 2017-та, заради што по принципот „гладна кокошка просо сонила“, присвојуваат се’ што мислат дека им оди во прилог: 70 % од проектите кои ги реализира општината се нивни, парите на граѓаните се нивни, Општината е нивна… Нема тука ништо граѓанско, општествено. Се’ е нивно. Се’ е ДПМНЕ.

За да не се разбереме погрешно: критиката е здрава работа. Не за џабе поетот Т.С. Елиот уште многу одмна рекол дека критиката е неизбежна, како и дишењето. Но, доколку критиката е полу-лага, манипулација и клевета, тогаш не само што тоа не е здраво, туку е и многу штетно. Згора на тоа, нивното невклучување во општествено корисните процеси, во никој случај не го прави нашето општество подобро.

Но, такво е ВМРО-ДПМНЕ Крушево. Злобно, клеветничко, контра граѓаните и државата. Со ваков „кодекс“ на однесување, им се насмевнува уште еден изборен пораз – како на локално, така и на државно ниво.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …