СДСМ

СДСМ: Во буџетот за 2023 година обезбедени средства за нов раст на минималната плата и на пензиите

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Буџетот за 2023 година, кој е прв буџет што е усогласен со новиот Закон за буџети и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза.

Со Буџетот за 2023 година, на дело продолжува грижата за граѓаните и за домашната економија.

Тој обезбедува ново зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, за што се предвидени значително повеќе средства споредено со оваа година.

Дополнителни 250 милиони евра се предвидени за продолжување на помошта и поддршката за граѓаните во справувањето со последиците од глобалната економска криза.

Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става и на капиталните инвестиции.

Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, што е за околу 52,3% повеќе во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 е развоен и е одговор на последиците од кризата. Сите пратеници да го поддржат овој најважен документ за македонската економија.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …