Маричиќ на прв билатерален скрининг состанок во Брисел

Маричиќ на прв билатерален скрининг состанок во Брисел

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ денеска ќе го предводи македонскиот преговарачки тим во Брисел на првиот состанок за билатералниот скрининг кој започнува со Поглавјето 5, „Јавни набавки“.

Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за финансии, односно Бирото за јавни набавки, а работната група е предводена од државниот советник во Бирото за јавни набавки, Александар Аргировски.

Како што соопшти СЕП, членовите на Работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок, ќе им ја претстават на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес. Темите и областите опфатени во ова поглавје се однесуваат на општите принципи на јавните набавки, регулирањето на јавните набавки во општиот сектор, во областите на социјалната политика, животната средина, малите и средни претпријатија, иновациите, одбраната, концесиите, набавката на лекови, електронските јавни набавки, како и на меѓународните аспекти во оваа област.

Една од основните цели на скринингот е да се утврди разликата што постои во секое од преговарачките поглавја, меѓу законодавството на земјата кандидат и правото на ЕУ. Според календарот на Европската комисија скрининг-процесот за Република Северна Македонија предводен е да трае до крајот на ноември 2023 година.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …