Спасовски: Имаме сознанија од каде доаѓаат мејловите за дојавите за бомби

Спасовски: Имаме сознанија од каде доаѓаат мејловите за дојавите за бомби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лажните дојави за бомби ги оцени како монструозен чин на хибридни закани. Според него, многу е важен брз и ефикасен одговор на државата со своите партнери.

„Ние ги започнавме опсежно сите истраги во овој дел, вклучени се сите институции коишто се грижат за националната безбедност и, секако, нашите меѓународни партнери. Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат итн. Секако дека ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади да се обезбедат доказите“, истакна министерот Спасовски во интервју за Алсат-М телевизија.

Тој додаде дека досега имало приведени две лица за кои се утврдило дека нивните податоци и адреси биле злоупотребени, по што се ослободени.

„Кога имате индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има. Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста“, посочи министерот.

Заканите за поставени бомби во средни училишта во Скопје стартуваа на 26 октомври, по што наставата во школите се прекинуваше и учениците се евакуираа. Во сите случаи досега се покажа дека станува збор за лажни дојави за бомби.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …