Се интензивираат градежните работи на патот Градско-Прилеп

Се интензивираат градежните работи на патот Градско-Прилеп

Јавното претпријатие за државни патишта ги интензивираше работите на постојниот пат Градско – Прилеп, на потегот од Дреново до Фариш. Станува збор за комплетна рехабилитација на патот во должина од 10 километри, за што од буџетот на јавното претпријатие се издвоени 1,5 милиони евра.

Истовремено, прв пат после 40 години, започна реконструкцијата и на регионалниот пат Витолиште-Лагово, на кој ќе бидат рехабилитирани и асфалтирани 7 километри на потегот помеѓу населените места Штавица и Бонче.

Исто така, во функција на зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на комуникацијата помеѓу населените места од Пелагонискиот регион, започнуваат активностите за рехабилитација на регионалниот пат Битола-Прилеп, преку Тополчани. На овој патен правец веќе се завршени 7,5 километри, останува да се завршат дополнитените 7 километри, кои територијално припаѓаат во општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Иран: Војната турка милиони Иранци во сиромаштија

Иран: Војната турка милиони Иранци во сиромаштија

Повеќе од 93 милиони луѓе во Иран живеат во сенка на војна која што би …