sdr

СЕ ОТСТРАНУВААТ РУИНИРАНИТЕ БАРАКИ НА УЈП ВО БИТОЛА

Во централното градско подрачје, битолските јавни претпријатија започнаа да го уредуваат просторот кај поранешните бараки во кои беше сместена Управата за јавни приходи. Со години наназад, овие објекти беа надвор од употреба, речиси целосно беа уништени, а покрај лошата слика во централното градско подрачје, жителите се жалеа и на немили сцени кои што се случуваа во овие објекти.

„Во урбаната заедница ‘Вангел Мајорот’, во централното градско јадро, со години имаше проблеми со објектот кој одамна беше исфрлен од употреба, но исто така беше и дувло на девијантни појави. По барање на граѓаните од оваа урбана заедница, но и по согледувањата на комуналната инспекција од Општина Битола, овој објект се отрстранува и се расчистува цела област. За оваа парцела постои детален урбанистички план, но што понатаму ќе се прави ќе биде усогласено со потребите на граѓаните и со она што го предвидува ДУП. Доколку имаме согледување дека граѓаните имаат потреба од нешто друго, ќе дојде и до промена на ДУП, се во насока на задоволување на потребите на граѓаните од овој регион.  ДУП во еден дел предвидува изградба на деловен простор, другиот е инграструктура, паркинг простор, но што ќе се реализира и во која насока ќе се движиме, крајниот збор ќе го имаат граѓаните“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Објектите во минатото ги користела УЈП, односно Министерството за финансии, но тие веќе не ги водат овие објекти во нивните списи и тој документ е пристигнат во Општина Битола. Откако општината констатираше дека овие објектите се вон употреба, на терен пристапи комуналната инспекција која го изготви решението за отстранување на објектот. Еден од учесниците во акцијата за расчистување на теренот е ЈП „Комуналец“ Битола.

„Во заедничка координирана акција на сите јавни претпријатија, бидејќи ЈП „Kомуналец“ нема голема механизација, го расчистуваме овој простор кој подолго време претставуваше проблем за самите жители, па и минувачи, беше во лоша состојба и претставуваше дива депонија. Во наредните денови ќе го средуваме овој простор и на крајот ќе бидат уредени и зелените површини во соработка со Општина Битола“, истакна Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.

„Комуналец“ во текот на оваа година исчисти над 20 диви депонии, меѓу кои и обиколницата над Битола.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …