влада

Седница на Економскиот совет на Владата за минималната плата

На денешната седница на Економскиот совет на Владата, како што е најавено, треба да биде разгледано она што досега се разговараше во врска со барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) минималната плата да биде 18.000 денари, а останатите плати да се зголемуваат скалесто. Исто така ќе стане збор и за најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата изнесен на последниот состанок на Економско-социјалниот совет да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

ССМ- ако не се изгласа минимална плата почнуваме со блокади

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил изрази очекување дека денеска би требало да има решение за покачување на минималната плата. Од ССМ предупредија дека доколку в четврток во парламентот не се изгласа нивното предлог законско решение ќе почнат штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта. На втората средба за минималната плата што се одржа во минатата недела во Владата не беше постигнат договор.

ССМ донесе одлука за протест пред Собранието в четврток

Во Собранието на дневен ред на пленарна седница на 10 февруари по скратена постапка е ставен предлог за измени на Законот за минимална плата поднесен од „Левица“ со кој се бара минималната плата да биде 60 проценти од просечната плата. Досега, поддршка за ваквиот предлог најавија од ДОМ, Демократскиот сојуз и Социјалистичката партија.

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …