Шаќири: Со интеграцијата на предмети, ниту еден наставник нема да остане без работа

Шаќири: Со интеграцијата на предмети, ниту еден наставник нема да остане без работа

Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе добива помала плата поради интеграцијата на предмети која е предвидена со реформите, рекол министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претставници од образовни институции

Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе добива помала плата поради интеграцијата на предмети која е предвидена со реформите, рекол министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба меѓу највисоките претставници на МОН, Бирото за развој на образованието (БРО) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), како и претставници на СОНК кои се дел од наставничката фела од областа на географијата и засегнати во оваа трета фаза од спроведувањето на планот за реформи во основното образование.

„Секој просветен работник чиј предмет кој го предава се интегрира со други предмети од сродната наука, останува на своето работно место, ќе ја добива платата за полн фонд на часови, а дополнително заедно со СОНК ќе се изнајде и заедничко решение личните примања повторно, по трет пат во период од една година, да бидат значително зголемени. Реформата на основното образование ќе продолжи согласно предвидената динамика, затоа што ги дава очекуваните ефекти. Предизвици постојат и тие се надминуваат преку заеднички пристап, а во меѓувреме секоја добронамерна сугестија која би можела да го олесни спроведувањето и да ја подигне нејзината ефикасност и ефективност, е добредојдена“, пренесува Министерството за образование.

На средбата било потврдено дека реформата е добро конципирана и ќе продолжи да се спроведува со поддршка од сите засегнати страни, а почестите средби и дискусии можат да помогнат во надминувањето на предизвиците кои би можеле да се појават тековно.

МОН ги повикува сите други општествени чинители, а особено оние со моќ за политичко влијание, да дадат свој придонес во заложбите за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Скопје домаќин на Самит на шефовите на држави и влади од југоисточна Европа

Скопје домаќин на Самит на шефовите на држави и влади од југоисточна Европа

Меѓу гостите во Скопје се претседателите на Албанија, Косово, Црна Гора, но и шефот на …