Шанса за Центар алармира: Кај „Треска“ може да ни се повтори „Холидеј ин“

Шанса за Центар алармира: Кај „Треска“ може да ни се повтори „Холидеј ин“

Шанса за Центар денеска повторно алармираше и ја повика јавноста и институциите на будност за да не се бетонира просторот на некогашната фабрика за мебел „Треска“, како во случајот со висококатниците кај „Холидеј ин“.

Велат дека спорниот урбанистички план за Буњаковец, со кој се предвидува изградба на згради и на просторот на фабриката „Треска“ ќе ги обезбеди интересите на поединци и на инвеститори, но нема да се заштити јавниот интерес.

Општина Центар со одлука на Советот организираше и Конкурс за идејно решение за тоа како да изгледа тој дел од градот, но од Шанса за Центар потенцираа дека идејните решенија уште и се непознати на јавноста и никогаш не биле изложени некаде за луѓето да можат да ги погледнат.

„Иако Општина Центар вети, чекаме повеќе од шест месеци да ги видиме понудените и наградени решенија. Градоначалникот одбива соработка. Шанса за Центар повеќе месеци бара податоци за состојбата и третманот на државното земјиште на овој потег. Дали е продадено или не? Дали се дооформуваат парцели или не по стариот план, не почитувајќи ги конкурсните решенија?“ – прашаа од Шанса за Центар.

Фокусот треба да биде токму на хуманиот начин на планирање и на градење, затоа што државното земјиште кое ќе биде бетонизирано веќе не се враќа и од тоа никогаш не бидува парк, рече Јана Белчева, додавајќи дека стравува од можноста државно земјиште и во овој случај да биде распродадено за багателна цена како во случајот со парцелата спроти „Нова Македонија“, која беше приватизирана за 7 евра по метар квадратен.

Шанса за Центар веќе подолго време бара локацијата да се преуреди во парк. А, тоа го сторија и кон крајот на септември кога имаше пожар во кругот на поранешната фабрика за мебел.

По прес-конфенренцијата на Шанса за Центар, сопствениците на приватните имоти фо фабричкиот круг во јанвоста се обратија со реакција.

„Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право. Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка. Ја информираме јавноста дека како сопственици на тие имоти подготвуваме тужба за нанесена штета во износ од 50 милиони евра“, порачаа сопствениците и предупредија дека општината ќе треба да им  ги надомести средствата во случај притисокот врз нив да продолжи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура …