Шекеринска-Волис: Потпишан нов Договор за соработка во одбраната со Обединетото Кралство

Шекеринска-Волис: Потпишан нов Договор за соработка во одбраната со Обединетото Кралство

Министрите за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и на Обединетот Кралство, Бен Волис потпишале нов Договор за соработка во одбраната, документ кој ќе го замени постојниот Договор за билатерална соработка од 2007 година, информираат од Министерство за одбрана.

Двајцата министри се согласиле дека овој договор ќе овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии.

„Исклучително го цениме фактот што сте посветени и помагате во трансформацијата на нашата Армија. Со новиот Договор за одбранбена соработка нашата одбранбена соработка ќе прерасне во соработка на две сојузнички земји“, рече Шекеринска на средбата.

Министерот Волис изразил задоволство што процесот до полноправно членство на нашата земја во НАТО е на самиот крај и посочи дека Обединетото Кралство интензивно го поддржува развојот и реформите во одбраната и Армијата.

Двете држави имаат исклучително интензивна соработка во областа на одбраната особено во доменот на одбранбената политика, мировните операции, обуките и вежбите, а во последните неколку години и во делот на советодавната помош во развојот и реформите на одбранбениот сектор, имплементацијата на Стратегискиот одбранбен преглед и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, како единица декларирана во рамките на Алијансата.

Од 2017 година, Велика Британија има упатено неколку советници за одбранбени прашања во Министерството, а во моментов бригадниот генерал Хју Лојд Џонс дава експертска поддршка на процесот на трансформација на Армијата и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …