Мизрахи меѓу сонот и јавето

Мизрахи меѓу сонот и јавето

Што бранеше Мизрахи пред таблата во МТСП – својата наивност или демагогијата на ВМРО-ДПМНЕ?

Да имаше малку доблест и мудрост, техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, сама требаше да си поднесе оставка на функцијата, пред да стигне во Собранието предлог од премиерот Оливер Спасовски за нејзино разрешување.

Без разлика дали таа ќе биде разрешена или не, овој случај открива како партијата ги јаде своите деца. Нема поилустративна лекција за сите што решиле своите професионални капацитети да ги стават на услуга на партија која негува двојни стандарди.

Легитимно е Рашела Мизрахи да не се согласува со промената на името на државата. Но, во таков случај, не требало да прифати да биде министерка во Владата на Република Северна Македонија, да прима плата од „северџански“ буџет и да дава заклетва пред Уставот на Република Северна Македонија. Едното со другото не оди. Ако таа била лицемерна, двојно повеќе е таков одговорот на Христијан Мицкоски, лидерот на партијата што нејзе ја предложи за техничка министерка: „Ве охрабрувам прашањето за таблата да го упатите до министерката Мизрахи и убеден сум дека ќе добиете вистински одговор“.

Како може Мицкоски да има став за сѐ, но да нема за овој случај? Зарем Мизрахи сама и неовластено упаднала во Министерството и ја узурпирала највисоката раководна позиција, или е таму на предлог на најголемата опозициска партија?

Да е иронија уште поголема, второто излегување пред спорната табла Мизрахи го направи токму на денот кога ВМРО-ДПМНЕ гласаше за ратификација на Севреноатлантскиот договор. Што бранеше Мизрахи пред таблата во МТСП – својата наивност или демагогијата на ВМРО-ДПМНЕ?

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …