Шест лица се повредени при експлозија на плинска боца во викендица во Матејче

Шест лица се повредени при експлозија на плинска боца во викендица во Матејче

Шест лица се повредени откако експлодирала плинска боца во викендица во Матејче, информираше Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК)

„Повредени се шест лица кои се пренесени во Скопје на понатамошно лекување и се вон животна опасност. Денеска дополнително ќе се утврдува причината и матрејалната штета,“ информираат од РЦУК.

Повредените лица на возраст од 30 до 40 години најпрво биле пренесени во Кумановската болница, а потоа биле испратени во Клиничкиот центар и во Градската болница во Скопје.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ОЈО Обвинителство

Обвинителство: Распити и претреси на пет локации во Кочани и Скопје

Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени …