Шилегов: Јас сум им гарант на Скопјани – самоволие на Водно нема да има!

Шилегов: Јас сум им гарант на Скопјани – самоволие на Водно нема да има!

Додека стојат багерите на Водно и траат преговорите со екологистите околу гасоводната траса, Градот веќе ги доби ветените 3 милиони евра за враќање на зеленилото на Водно, но и за најавените зелени коридори на Серава, Лепенец и Скопска Црна Гора од државата.Дали екологистите ја загубија битката за Водно?

Комплетно застанавте зад изградбата на трасата на гасоводот што води преку Водно.

– Бевме спротиставена страна во преговорите со Владата и со МЕР. Кога видовме дека измената на трасата е невозможна, поради финансиските и временските импликации врз гасификацијата во државата, го извадивме максималниот бенефит за граѓаните и за градот, ја намаливме и видоизменивме постојната траса и тогаш се уверив дека тоа е оптимумза да дадеме зелено светло и да преминеме, условно кажано, на другата страна.

Кога ќе продолжи изградбата?

-Сметав дека како градоначалник треба да ги прекинам градежните активности се додека не ги исцрпиме моментите и аргументите кои што ги имаат граѓанските активисти во однос на аргументите на државните институции и тоа е се уште активен процес. Од тој аспект не можам да кажам дали и кога ќе продолжат градежните активности.

Vodno gasovod zhiv shtit 25avg18 - Go sakam Vodno

Кој ќе гарантира дека на Водно ќе се реализираат ветувањата што се дадени за ревитализација, ширина на трасата, грижа за зеленилото…

– Градот Скопје ќе гарантира! Во повеќе наврати гиповикав и граѓанските активисти да бидат дел од процесот на подготовката на програмата за ревитализација. Веќе ги добивме средствата за изработка на програмата која ќе се направи секако по завршетокот на работите, кога ќе се видат оштетувањата. Град Скопје ќе биде активен надзор во рамките на надежностите, сега се чека издавање на градежни дозовли за делот каде трасата е изменета.Нема да прејудицирам, но, доколку конечно се одлучи таму да поминува трасата на гасоводот кон Тетово, Гостивар и Кичево, очекувам граѓанските здруженија да бидат активни во надзорот над изведувањето на работите.

Се пофаливте дека Вие на гасоводот преку Водно сте работеле уште од ноември, а не откако се појавија екологистите. Како тогаш бевте затечени од сликите на изгазени брези и борови што беа постирани на социјалните мрежи во март?

– За мене и за сите Скопјани Водно е секогаш сензитивна тема. Во ноември МЕР најави градежни активности на гасоводот преку Водно. Дотогашвоопшто немав информација дека таков проект, што може да биде потенцијален проблем, воопшто постои. Гасоводот преку Водно тогаш кога беше подготвуван од страна на претходната власт, подалеку од јавноста. Штом добивме информации дека во два наврата започнуваа градежни работи без дозвола, Град Скопјеги стопираше работите на гасоводот, реагиравме кога беше евидентно кршење на процедурата. Тогаш побарав преиспитување на трасата, а веднаш ги вклучив во целиот процес и граѓанскиотсектор… Зеленилото признавам дека се уништува, но 1.400метри кубни дрвна маса која што треба да се исече на Водно е дневна потрошувачка на дрва во Скопје, а реституцијата на зеленилото која ќе се случи по затрупувањето на цевките ќе го сведе на минимум оштетувањето.

Дали може да се случи повторно некои багери утре да „изненадат“ на Водно за да копаат за уште некој од проектите од времето на „Миле ми текна“?

Vodno

– Не, бидејќи во преговорите со Владата се изборивме за изработка на два законски текста – закон за Водно и закон за заштита на пределот Матка кои треба да дефинираат сериозни протоколи и стандарди за во иднина. Но, имајте на ум дека во многу високозаштитени природни зони во светот постојат инфраструктурни објекти. Низ Алпите има 237 километри гасовод.

Ајде, сега, признајте дека да не беше граѓанскиот еко-активизам, багерите на Рапид Билт одамна ќе си ја завршеа работата не водејќи сметка дека уништуваат макотрпно садена шума?

– Јас двапати ги запрев багерите и јас сум им гарант на Скопјани дека самоволие на Водно нема да има! Она што како држава мораме да го научиме е да ги почитуваме процедурите правилата и стандардите.

Гасоводната траса преку Водно, како и Сончев град и патот до него не се наоѓаат во Просторниот план на РМ, кого го викаат „Устав за урбанизмот“ на една држава, а сепак ќе се гради …

– Ах, па топловодната мрежа во Скопје е дивоградба! Јас го отворив процесот на легализација на мрежата. Жртви сме на волунтаризам во секој сегмент на општеството па и овој. Не можам да сносам одговорност за она што го правеле или не го правеле луѓето што седеле на мое место или на местото на министер за транспорт, на животна средина или премиер. Трасите на гасоводот се затекната состојба, исто како и обврските кои Република Македонија ги превземала за таквата изведба на овие инфраструктурни проекти. Се обидуваме да го извадиме максимумот од невољата. Некогаш се чудам што работеле луѓето пред мене…

Како правник и како скопски градоначалник досега одмолчавте на дискусијата на тема – Водно има или нема заштитен статус, г. Макрадули тврди дека не е заштитено, екологистите цитираат закони кои велат дека е.

– Идејата за закон за Водно е моја, токму поради различните толкувања кои постојат за правниот статус на Водно, дали е или не е заштитено подрачје. И за да го дефинираме еднаш за секогаш не чекајќи дали и кога ќе се класификува, ревалоризира реков- Ајде да направиме закон! Тука ќе престанат сите шпекулации.

Има ли политичка воља да се донесе закон за Водно или бизнис-интересите ќе го заглават пред гласање во Парламентот?

– Апсолутно, да! Ова не го велам напамет. Кога тоа ќе ви каже нешто вакво потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз, сметајте го тоа како став на партијата која е владеачка и на локално ниво во Скопје и на централно ниво.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …