Шолц: Европа не е целосна без Западен Балкан

Шолц: Европа не е целосна без Западен Балкан

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги поздрави напорите на шесте западнобалкански држави за поблиска меѓусебна соработка, на отворањето на самитот на Берлинскиот процес.

По руската инвазија врз Украина интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ стана уште поважна, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на самитот на Берлинскиот процес во германскиот главен град.

„Европа е целосна само со Западниот Балкан. Шесте држави на Западниот Балкан припаѓаат кон слободниот и демократски дел на Европа. Вашето членство е во наш интерес“, рече Шолц. Притоа, просперитетот и стабилноста на овој регион не може да се гледа одвоено од остатокот на Европа, дополни германскиот канцелар.

Историски договори 

На Самитот е планирано шесте држави од Западниот Балкан да потпишат договори за меѓусебно признавање на патните исправи, како и универзитетските и стручните дипломи.

Ќе се разговара и за реформирање и подобро вмрежување на енергетските сектори во енергетската криза. Германија и ЕУ се подготвени да помогнат во тој дел. На самитот учествуваат и првите луѓе на ЕУ, како и шефовите на влади на повеќе членки на Унијата.

– Северна Македонија на историски самит на Берлинскиот процес

Шолц на отворањето побара да се исполнат ветувањата за ЕУ-интеграција дадени уште пред 20 години.

„Наша задача е овие ветувања да ги претвориме во реалност. Бруталната агресивна војна на Русија против Украина бара од нас да застанеме заедно и да ја одбраниме слободата на Европа“, рече Шолц.  Во тој контекст, тој побара да се надминат регионалните конфликти на Балканот, и вети германска поддршка за тоа.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …