Претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон денеска ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја.
На платото пред Владата на Република Северна Македонија во 17 часот, со највисоки државни почести шпанскиот премиер ќе го пречекаат премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.