Денот на Републиката 2 Август, Претседателот Пендаровски ќе го одбележи во манастирот „Св. Прохор Пчински“

Денот на Републиката 2 Август, Претседателот Пендаровски ќе го одбележи во манастирот „Св. Прохор Пчински“

По осумнаесет години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

По тој повод, од Кабинетот на Пендаровски го издадоа следното соопштение:

Претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј.

Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации.

Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот  која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ.

Во состав на делегацијата што ќе ја предводи претседателот Пендаровски ќе бидат членови на Собранието и на Владата на Република Северна Македонија и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …