Шпанскиот Сенат попладнево ќе го ратификува протоколот за наше членство во НАТО

Шпанскиот Сенат попладнево ќе го ратификува протоколот за наше членство во НАТО

Шпанскиот Сенат попладнево со почеток во 16 часот треба да ја заврши постапката за ратификација на протоколот за членството на Македонија во НАТО, со што процедурата за влез на Македонија во НАТО ќе биде комплетирана.

Претходно Протоколот беше ратификуван долниот дом на шпанскиот парламент. По ратфикацијата во Сенатот документот треба да оди на потпис кај кралот Фелипе Шести, по што протоколот ќе биде испратен во депозитарот во американскиот Стејт департмент во Вашингтон.

На денешната сенатска седница, голем дел од сенаторите ќе гласаат електронски, бидејќи се изолирани поради мерките за сузбивање на епидемијата на новиот корона вирус COVID-19.

Ратификацијата од страна на Шпанија се пролонгираше поради долготрајната политичка криза во земјата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …