Швајцарците гласаа за задржување на мерките против Ковид: „Мнозинството е за разум“

Швајцарците гласаа за задржување на мерките против Ковид: „Мнозинството е за разум“

Мнозинството Швајцарци на референдум околу Ковид-законот во земјата ја дадоа својата поддршка за мерките на владата. Противниците најавуваат натамошен отпор.

Швајцарците рекоа „да“ за важечкиот Ковид-закон во земјата и тоа со поголемо мнозинство отколку што тоа го најавуваа анкетите пред вчера (28.11) одржаниот референдум. Ова е победа на разумот, вели со видливо олеснување Петер Мецингер, прв човек на невладиниот „Да-Комитет“.

„Ние, всушност, отсекогаш бевме сигурни дека во Швајцарија мнозинството е за разум и за научна ориентација и факти. Се разбира, можеше да заврши и поинаку и затоа дадовме сѐ од себе до последен момент. Но, се покажа дека во Швајцарија сепак владее разум“, изјави Мецингер за швајцарската телевизија СРФ.

Противниците сакаат да се борат и натаму

На референдумот 62% од избирачите се изјаснија за актуелниот закон, кој, меѓу другото, е основа за жестоко дискутираниот 3Г-сертификат (кој го добиваат вакцинирани, прележани или тестирани лица). Ваквиот сертификат во Швајцарија, меѓу останатото, мора да се покажува во ресторани и на различни манифестации.

Против сертификатот во изминатите недели имаше гласни и насилни протести на противниците на вакцинирањето и на мерките во земјата. Поддржан од десничарската Швајцарска народна партија СВП и влијателни донатори, „Не-Комитетот“ пред референдумот доминираше не само во дебатите, туку, со впечатливо многу плакати, и во јавниот простор. Сега поразот треба да се прифати, вели Јозеф Ендер, портпарол на „Не-Комитетот“: „Добро или лошо“, мора да се прифати, нагласува Ендер, кој е и соосновач на сојузот против мерките на владата. Но, тој исто така најавува и натамошна борба против законот.

Schweiz Coronavirus l Referendum über Corona Maßnahmen l Protest von Impfgegnern 

Антиваксерски протест во Женева, 13.11.2021

Стапката на вакцинација во Швајцарија е релативно ниска

Натанмошен отпор најави и пратеничката Мартина Бирхер. Нејзината партија СВП беше единствената голема партија која повика на отфрлање на Ковид-законот. „Ние од СВП ќе се обидеме на Бундесратот јасно да му ја покажеме црвената линија до којашто може да се употребува сертификатот“, вели Бирхер. Според неа, не смее да има заострување на 3Г-правилото евентуално на 2Г (само вакцинирани и прележани).

Во Швајцарија во изминатите недели бројот на новоинфицирани со коронавиртус драстично се зголеми. Стапката на вакцинација во земјата од околу 65% е релативно ниска. Наспроти ургентните препораки на науката, швајцарската влада досега не ги заостри мерките против пандемијата. Тоа сега, по референдумот, можеби ќе се промени.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …