Луѓе со маски

Шведска го прифати европскиот тренд, усвои пропусница за вакцинација против ковид-19

Шведска воведува дигитален сертификат за антивирусна вакцинација за јавни собири и настани со повеќе од 100 луѓе во затворени простории, соопштија властите на таа земја. Овој потег уследи по слични чекори на другите земји од ЕУ со неодамнешниот скок на коронавирусот во Европа. „Ова е тешка вест за објавување, сите сакаме да заврши пандемијата“, рече министерката за социјални работи Лена Халенгрен, додавајќи дека потврдата ќе почне да се применува на 1 декември.

Шведска претходно се разликуваше од другите европски земји во нејзиниот релативно ненаметлив одговор на пандемијата. Министерката за култура Аманда Линд рече дека нема да биде задолжително да се покаже сертификат за вакцинација, но оние кои не можат да го покажат ќе мора да следат одредени ограничувања. За ограничувањата ќе одлучат организаторите на настанот. Во рестораните засега нема да се бара потврда за вакцинација.

Шведска немаше заклучување ниту ги затвори своите продавници за време на пандемијата и наместо тоа се потпираше на чувството на граѓанска должност во контрола на инфекциите. Властите ставија акцент на индивидуалната одговорност наместо владините здравствени мерки. Земјата официјално регистрираше 15.107 смртни случаи од коронавирус, од кои 13 вчера. Според официјалните податоци, 85,3 отсто од населението постари од 16 години ја примиле првата доза од вакцината, а 81,7 отсто имаат две дози.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …