Сиљаноски: ВМРО-ДПМНЕ креира дезинформации, со социјалните реформи се унапредуваат правата на лицата со попреченост

Сиљаноски: ВМРО-ДПМНЕ креира дезинформации, со социјалните реформи се унапредуваат правата на лицата со попреченост

Пишува: Зоран Милошески

Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Прилеп, Живко Сиљаноски најенергично ја демантираше изјавата на Ирена Стерјовска-Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, дека е донесен нов Закон за социјална заштита со кој се кратат правата на лицата со попреченост.

На денешната прес конференција, Сиљаноски потенцираше дека новиот текст на Законот за социјална заштита се’ уште е во собраниска процедура и се очекува негово скоро изгласување.

„Со социјалните реформи во предложениот закон не се кратат, туку се унапредуваат правата на лицата со попреченост, и тоа преку неколку основни начела: начелото на еднаков третман и недискриминација, на парцитипативност, на индивидуализација и начелото на најдобар интерес. Со реформата се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – лична асистенција и домашна нега. Се проширува правото за попреченост за лица со интелектуална попреченост, додека додатокот за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост, се зголемува до 50% од просечната нето плата. Посебниот додаток за поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост, се зголемува за 15%, а се воведува и таканаречен ‘траен надоместок за родител’ кој се грижи за дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст“, истакна Сиљаноски.

Директорот на прилепскиот Меѓуопштински центар за социјална работа, рече дека со креирањето дезинформации, во ВМРО-ДПМНЕ намерно или од незнаење поистоветуваат две различни категории на згрижувачи на деца со попреченост во згрижувачки и биолошки семејства, без да се кажат нивните разлики.

„Заради неговата дисфункционалност, досегашниот Закон за социјална заштита донесен и надоградуван од претходната власт, треба да заврши во корпа за отпадоци. Очекуваме сет на нови закони од сферата на социјалната заштита, каде ќе има минимално загарантирана помош за секое домаќинство, која искажана во финансиски средства ќе биде за неколку пати повисока од досегашната. Од тие причини, уште еднаш ќе нагласам: не само што не се кратат или укинуваат правата на социјални трансфери, туку истите се унапредуваат и инкорпорираат во збирно право, односно минимална гарантирана помош“, нагласи Сиљаноски.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …