Силно невреме попладнево го зафати Скопје (ВИДЕО)

Силно невреме попладнево го зафати Скопје (ВИДЕО)

Скопската Котлина е зафатена од невреме придружено со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер, а можна е и појава на град. Правецот на ширење на појавите е од запад кон исток, соопштија од УХМР

Невреме проследено силен ветер, дожд и грмотевици попладнево го зафати Скопје. Низ улиците на главниот град се забележуваат паднати гранки, додека од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека на улицата „Симеон Кавракиров“ во Општина Аеродром паднало дрво.

Претходно, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде вонредно предупредување дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток и дека се очекува да ги зафати регионите на Скопје и Куманово.

„Скопската Котлина е зафатена од невреме придружено со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер, а можна е и појава на град. Правецот на ширење на појавите е од запад кон исток“, соопштија од УХМР попладнево.

Од ЦУК пак, известуваат дека според податоците од Управата, до крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …