Скопјани може да добијат повисоки сметки за вода, одлуката зависи од градскиот совет

Предлогот е доставен до ЈП „Водовод и канализација“, кој во рамките на минималната и максималната тарифа треба да донесе своја одлука и да ја достави на одобрување до Советот на град Скопје, по што ќе се знае конечната цена која скопјани ќе ја плаќаат за кубик потрошена вода.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука минималната цена на водата за пиење во Скопје да изнесува 31,53 денари за метар кубен, а максималната 34,82 денари, информираат од РКЕВУ.

Овој предлог е доставен до ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, кој во рамките на минималната и максималната тарифа, треба да донесе своја одлука и да ја достави на одобрување до Советот на Град Скопје, по што ќе се знае конечната цена која скопјани ќе ја плаќаат за кубик потрошена вода.

Пресметките на регулаторите се дека ако скопски „Водовод“ ја утврди цената на максимално предложениот износ, тогаш граѓаните ќе добијат за 29,5 денари повисоки сметки месечно.

„Тоа не е голема сума на пари и граѓаните ќе можат да ја плаќаат. Но, Советот на град Скопје може да донесе одлука за цена на ниво на минималната цена и тогаш граѓаните ќе имаат поевтина вода“, изјави претседателот на РКЕВУ, Марко Бислимоски.

Конечната одлука за цената на водата ќе се знае најмногу во рок од 150 дена, кога треба да заврши целата процедура, вклучително и одобрувањето од Советот на Град Скопје.

Бислимоски рече дека барањата за повисока цена на водоводните услуги јавните претпријатија ги правдаат со зголемените трошоци за струја кои ги пресметувале според берзанската цена на струјата, но поволност е тоа што тие добиле и субвенционирана цена на струјата.

Прочитајте повеќе

Фондацијата Метаморфозис со конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

Ќе бидат доделени две годишни награди во две категории: Најдобар новинарски труд, односно стручен труд …