„Скопје Опен 2023“: 19 медали за џудистите на „Сеишин“

„Скопје Опен 2023“: 19 медали за џудистите на „Сеишин“

Вчера во Скопје се одржа вториот Меѓународен турнир во џудо „Скопје Опен” – 2023, на кој учество зедоа 25 клубови со над 250 џудисти од 8 држави: Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија, Грција и Молдавија.

Прилепскиот ЏК „Сеишин“ Прилеп на турнирот учествуваше со 25 џудисти, кои освоија 19 медали: 4 златни, 7 сребрени и 8 бронзени.

Резултати поединечно:

Помлади пионери/ки:

  1. Софија Ѓорѓиоска 1 место
  2. Јана Ангелевски 1 место
  3. Матеја Николоска 2 место
  4. Илиоски Димитар 2 место
  5. Марио Конески 2 место
  6. Владан Стрезовски 3 место
  7. Ване Ацески 3 место
  8. Ангел Стојовски 3 место
  9. Марко Марковски 3 место

Пионери/ки:

  1. Тамара Илиоска 2 место
  2. Теодора Илиоска 3 место
  3. Немања Џагадуроски 2 место
  4. Марко Ацески 2 место
  5. Благојче Мантароски 3 место

Кадети/ки:

  1. Теа Настоска 1 место
  2. Никола Магдески 1 место
  3. Михаил Стојановски 2 место
  4. Јован Стојановски 3 место
  5. Борис Џагадуроски 3 место

Иако не успеаја да се искачат на пиедесталот, одлични борби прикажаа и Теона Настоска, Мартин Петкоски и  Михаил Димоски кај кадетите, Дарио Нанески кај пионерите,  Марко Тошески и Андреа Кнежевски кај помладите пионери.

Екипата ја предводеа тренерите Марио Тошески, Мартин Ристески и  Дејан Мицкоски.

Прочитајте повеќе

Скопје домаќин на Европскиот куп во џудо за јуниори

Скопје домаќин на Европскиот куп во џудо за јуниори

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото. Утре и другиден, 2 и 3 август, …