Избори во Турција: Султан или турски Ганди

Избори во Турција: Султан или турски Ганди

„Или ќе завршат двете децении од владеењето на претседателот Ердоган или Ердоган ќе победи и ќе остане на чело на Турција како нов султан“, вели Сонер Чаптај од Вашингтонскиот институт. Главниот ривал е Кемал Киличдароглу, кого го нарекуваат „турскиот Ганди“

Во Турција денеска, 14 мај, се одржуваат претседателски и парламентарни избори, кои според многу проценки ќе бидат судбоносни не само за оваа земја, туку ќе имаат големо влијание и врз целиот регион. Право на глас имаат над 64 милиони турски граѓани.

Без победа и на претседателските и на парламентарните избори, опозицијата нема да може да ги спроведе сеопфатните уставни реформи што ги најави.

Ердоган би можел да остане претседател дури и ако неговата партија доживее пораз во парламентот, што дополнително може да доведе до концентрација на неговата моќ и со тоа да ја поништи победата на опозицијата, оценува Гардијан.

Најголемиот предизвик за Ердоган

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој доминираше со турската политика во последните две децении, се соочува со својот најголем предизвик досега бидејќи никогаш не бил политички поранлив поради економските проблеми, последиците од разорните земјотреси и лошото управување, како и зголемената опозиција која го доведува во прашање неговото владеење.

Ердоган, лидерот со најдолг стаж во модерна Турција, има силна верска определба и залагање за ниски каматни стапки дома, додека го наметнуваше турското влијание во регионот.

Од една страна критичарите го напаѓаат за лоша економска политика и недемократско владеење, а од друга страна му се препишуваат заслучи поврзани со посредување во одредени сегменти од војната во Украина, како што е посредувањето за прашањето за украинското жито.

„Турскиот Ганди“

Главен ривал на Ердоган е кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдаролу, познат како „турскиот Ганди“, кој ветува големи промени. Според анкетите на јавното мислење, предност има Киличдаролу. Тој е лидер на секуларистичката Републиканска народна партија (ЦХП), кој има поддршка од сојузот на шест опозициски партии.

Турската опозиција вети дека ќе ја врати независноста на централната банка и ќе ја промени неортодоксната економска политика на Ердоган. Се залага за промена на извршното претседателство во корист на претходниот парламентарен систем и ќе ги вратат сириските бегалци.

Прокурдската Демократска партија на народите (ХДП) не е дел од главната опозициска алијанса, но жестоко се спротивставува на Ердоган по репресијата врз нејзините членови во последниве години.

Но, Ердоган е искусен политичар кој ги контролира државните институции.

Последните неколку дена двајцата ривали искажаа бројни обвинувања. Киличдароглу ја повика Русија да не се меша во изборите во корист на Ердоган, а Ердоган ја обвини опозицијата за соработка со американскиот претседател Џо Бајден за негова политичка смена.

Меѓунардни прашања

Изборите се одржуваат на 100-годишнината од основањето на Република Турција како секуларна држава од страна на Мустафа Кемал Ататурк.

Нивниот исход ќе влијае и на безбедноста во Европа и на Блискиот Исток. Во зависност од тоа кој ќе победи, ќе ја одреди улогата на Турција во НАТО алијансата; нејзиниот однос со САД, ЕУ и Русија; миграциска политика; улогата на Анкара во војната во Украина и односот кон Грција и тензиите во источниот Медитеран.

„Или ќе завршат двете децении од владеењето на претседателот Ердоган или Ердоган ќе победи и ќе остане на чело на Турција како нов султан“, изјави Сонер Чаптај од Вашингтонскиот институт во разговор за Американското национално јавно радио (НПР).

Доколку ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг в недела, вториот круг од изборите на кој ќе учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови ќе се одржи на 28 мај.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …