Скриен свет на морски животни откриен во река под мраз на Антарктикот

Мали суштества слични на ракчиња се откриени во подводен екосистем, во река под огромна ледена површина на Антарктикот, пишува „Гардијан“.

Во пештера која личи на катедрала висока стоцици метри, тим на научници од Нов Зеланд го откриле овој екосистем на длабочина од 500 метри под мразот, на стотици километри од работ на ледениот гребен Рос. Овој екосистем до неодамна бил „скриена тајна“ заклучена под дебелиот слој мраз.

До откривањето на новиот екосистем дошле истражувачи од универзитетите во Велингтон, Окленд и Отаго во Нов Зеланд, Националниот институт за вода и атмосфера (НИВА) и Институтот за геолошки и нуклеарни науки, кои испитувале каква улога може да има устието во топењето на мразот предизвикано од климатските промени. Големото изненадување од неочекуваниот жив свет дошло кога истражувачите пробиле низ мразот и влегле во реката, а нивната камера била прплавена од водоземци, мали суштества од истата лоза како јастозите и раковите.

„Некое време мислевме дека нешто не е во ред со камерата, но кога фокусот се подобри, забележавме рој членконоги со големина околу 5 милиметри“, изјавил еден од истражувачите на НИВА.

Иако истражувачите работеле на испитување на влијанието на климатските промени, нивната експедиција имала елемент на откривање на нов екосистем.

„Да се набљудува и истражува оваа река беше исто како да сте првиот човек што влегол во скриен свет“, изјавил друг истражувач.

Истражувачите велат дека веќе некое време се свесни за мрежа на скриени слатководни езера и реки под ледените плочи на Антарктикот и дека тие допрва треба да бидат директно истражени.

Во реката биле оставени инструменти за да го набљудуваат однесувањето на водата, додека лабораториските истражувачи ќе испитуваат што ја прави тамошната вода уникатна.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …