Следниот викенд ќе се одржи деветтиот Prilep Jazz Wekend

Следниот викенд ќе се одржи деветтиот Prilep Jazz Wekend

Во организација на здружението за субкултура  ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 27,28 и 29 август 2020г. на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде одржано деветтото издание на Prilep Jazz Weekend фестивалот.

Поаѓајќи од мисијата на фестивалот: поддршка на домашната џез продукција  и создавање на нова џез публика, комбинирана со актуелните протоколи за COVID 19 кои треба да се почитуваат, програмата на фестивалот е креирана со ангажирање на врвни музички бендови и домашни артисти.

Фестивалот ќе започне со премиерата на филмот  “JAZZMAN – The form as a verb”  од Велибор Педевски, снимен на локации во Њу Јорк, Скопје, Белград и Софија, после што следува настапот на бендот SkopjeJazzInc.

Втората вечер ќе ја отвори квартетот на Оливер Јосифовски со премиерата на проектот FUSSION DEFFUSION CONFFUSION, а пред прилепската публика ќе се претстави и моментално  најактуелниот македонски џез состав, „Светлост“.

Третата вечер ќе стартува со новината на годинешниот фестивал, промоција на книгата Press&Play од Ненад Георгиевски. „Прес енд плеј“ (Press & Play) е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрeн, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.

После тоа следува настапот на Next to Silence, музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM.

Фестивалот ќе го затворат диско пост- панк активистите  Бернајс Пропаганда.

Ова година Prilep Jazz Weekend фестивалот може да се пофали и со квалитетна OFF програма:

На 28 Август 2020г на локалитетот „Врбјанска чука“, кај село Славеј, свој перформанс ќе има Antonie AVP Project., а на 29 Август 2020г на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе го проследиме перформансот на Leonard.

Влезниците по цена од 100 денари се пуштени во продажба во City Tobacco Centar во Прилеп.

Прочитајте повеќе

Искра Гешоска

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Гете-медалот ќе го додели претседателката на Гете-институт Карола Ленц на церемонија на 28 август 2024 …