Словенија се бори со штетите од најтешката природна катастрофа во земјата, се бара помош од ЕУ и од НАТО

Словенија се бори со штетите од најтешката природна катастрофа во земјата, се бара помош од ЕУ и од НАТО

Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра, рече Голоб, додавајќи дека за ефикасна санација на штетите ќе биде потребно да се направи сè што е можно, секаде каде што е можно и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство

Словенија продолжува да се бори со последиците од една од најтешките природни непогоди што ја зафатија земјата. Во поплавите загинаа најмалку шест лица а материјалната штета засега се проценува на околу 500 милиони долари, изјави владиниот портпарол за Си-Ен-Ен.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб во саботата рече дека поплавите што почнаа во петокот се „најлошата природна катастрофа што некогаш ја погодила“ земјата.

Поплавите предизвикаа подигнување на нивото на реките, што доведе до уништување на патишта, инфраструктура и приватни домови.

„Материјалната штета не е толку важна. Важно е дека навреме си ги спасивме животите“, изјавил за Ројтерс Драго Худофиск, во селото Преваље во близина на границата со Австрија, гледајќи како неговата куќа исчезнува во кал.

Илјадници луѓе се евакуирани од домовите околу северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да евакуираат уште луѓе и да ги ослободат и расчистат улиците.

„Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра“, рече Голоб, додавајќи дека за ефикасна санација на штетите ќе биде потребно да се направи сè што е можно, секаде каде што е можно и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство.

Тој најави дека денеска Владата ќе усвои пакет помош за директно погодените.

„Сакаме да им го покажеме на луѓето решението денес“, рече тој, додавајќи дека времето за акција не треба да се брои во месеци и во години, туку во денови и во недели.

Дојче веле пренесува дека Љубљана бара од Северноатлантскиот пакт, меѓу другото, да испрати 200 војници на НАТО кои би помогнале на лице место во пружање помош на населението, спасувачки операции и други задачи. Преку механизмот на ЕУ за помош при катастрофи, Словенија побара од другите членки на Унијата во најкус можен рок да испратат 30 багери, 30 парчиња специјална механизација за регулирање на протокот на вода, односно испраќање инженерски тимови кои треба да управуваат со оваа опрема во поплавените подрачја.

На словенечкиот список со желби од ЕУ и НАТО има и 20 понтонски мостови долги до 40 метри. Од НАТО Словенците очекуваат и пет воени хеликоптери со поголема носивост (најмалку пет тони) за транспортни цели. Најголема материјална штета досега е регистрирана на патната и енергетската инфраструктура, а оштетени или уништени се неколку стотици станбени објекти.

Прочитајте повеќе

Германски медиуми: Изненадување – Милановиќ против Пленковиќ

Германски медиуми: Изненадување – Милановиќ против Пленковиќ

Германските медиуми штуро ја проследија кандидатура на Зоран Милановиќ за премиер. Но, нагласуваат дека Милановиќ …