Со доделување благодарници и плакети на крводарителите, во Прилеп одбележан Денот на крводарителството

Со доделување благодарници и плакети на крводарителите, во Прилеп одбележан Денот на крводарителството

„Прилеп е град на хуманоста, со голем број крводарители и хумани луѓе. Денешното присуство на крводарители кои дале крв 25, 50, 75 и 100 пати, е факт кој зборува сам по себе. Почитувани крводарители, не треба да акцентираме колкав е вашиот придонес за заедницата, бидејќи дарувајќи ја драгоцената течност, вие спасувате човечки животи а вашиот влог е бесценет дар“, им порача денеска градоначалникот Илија Јованоски на крводарителите од Прилеп, кои по повод 17-ти Март, Ден на крводарителството во Македонија, добија благодарници и плакети.

Со доделување благодарници и плакети на крводарителите, во Прилеп одбележан Денот на крводарителствотоЈованоски рече дека мисијата на крводарителите, над се’ е општеството, бидејќи со нивна помош и поддршка се намалуваат трошоците за лекување на пациентите и истовремено се придонесува за нивно побрзо опоравување.

„Затоа сте вие нашите современи херои. Тивко, нечујно оставате траен печат во животите на луѓето чии животи ги спасувате, придонесувате нашата заедница и натаму да го носи епитетот “хумана заедница“. Затоа, од името на сите нас, на целата заедница, ви благодарам. Да продолжи вашата соработка со службата за трансфузиологија и со прилепската организација на Црвениот крст, кои секој од своја страна даваат огромен придонес во грижата за здравјето и животот на нашите сограѓани“, истакна градоначалникот Јованоски.

Пеце Илиоски досега дарувал крв 104 пати. Вели дека крводарителството е нивна семејна традиција и дека и во иднина и тој, и останатите членови на неговото семејство ќе продолжат со дарување на скапоцената течност.

Со доделување благодарници и плакети на крводарителите, во Прилеп одбележан Денот на крводарителството„Мислам дека крводарителството кај нас е доста развиено, има многу млади кои даруваат крв. Дарувам за да спасам нечиј живот, а освен тоа постои и семејна традиција од моите родители. Мојот татко дарувал крв скоро 70 пати, мајка ми и брат ми преку 20 пати. Апелирам до младите да бидат хумани и да даваат крв“, изјави Илиоски.

На денешното одбележување на Денот на крводарителството во Македонија, плакети и благодарници добија четириесетина граѓани на општина Прилеп кои крв дале 25, 50, 75 и 100 пати. Покрај тоа, градоначалникот Јованоски најави дека рекордерот според бројот на дарувања, Пеце Илиоски, Општина Прилеп ќе го награди и парично, со доделување вредносен ваучер.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …