Со доделување на наградите за најуспешните, завршија ридско-брзинските автомобилистички трки во Крушево

Филип Василевски од АКК „Кастом Кар“ од Скопје, е севкупен победник на ридско-брзинските автомобилистички трки кои викендов се одржаа во Крушево. Градоначалникот на општина, Крушево Томе Христоски и претседателот на Советот на општина Крушево, Тома Петроски ги доделија наградите во повеќе категории.

„Им честитам на сите учесници, ве поканувам догодина оваа трка повторно да ја одржиме во Крушево, а општината ќе продолжи да создава богата туристички понуда за да привлекува повеќе туристи“, изјави градоначалникот Христоски пред присутните за време на доделувањето на пехарите на најуспешните натпреварувачи.

Претставникот на организаторите, Мојсие Милосавлевски изјави дека цел нивна цел е оваа трка да стане европска, со учесници од многу земји, не само од Балканот.

После десетгодишна пауза, традицијата на одржување на ридско-брзинските трки во Крушево беше продолжена минатата година.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …