Со крводарителски акции и музички настан ќе се одбележи роденденот на Тоше Проески

Со крводарителски акции и музички настан ќе се одбележи роденденот на Тоше Проески

Со крводарителска акција во Домот на АРМ во Скопје како и со музички настан насловен како „Ангел си ти“ во Крушево, денеска ќе биде одбележан денот на раѓањето на големиот хуманист и музичка ѕвезда, Тоше Проески. По деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Р. С. Македонија, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на Тоше.

„Крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот на Дом на АРМ во периодот од 09 до 17 часот. Оваа крводарителска акција стана препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5.300 единици крв“, информираат во Црвен крст.

Роденденот на Тоше ќе биде одбележан и во Крушево. И таму ќе има крводарителска акција, посета на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела, како и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“, во Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење.

Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе трае од 9 до 16 часот. Во 10:30 е предвидена посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје.

Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42. роденден на Тоше ќе бидат промовирани и 42 маички печатени со победнички мотив. Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Тоше загина во 2007 година во сообраќајна несреќа што се случи во близина на Нова Градишка во Хрватска.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …