Со општински пари се реновира Техничкото училиште во Битола

Со општински пари се реновира Техничкото училиште во Битола

Пред почетокот на новата учебна година, во средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ се работи на реновирање на водоводната инсталација и санација на училниците. Со средства од Општина Битола, се реновираат два кабинети и осум училници, а се врши и санација и онаму каде што е потребно, замена на оштетувањата од водоводната мрежа.

„Училиштето е пуштено во употреба во 1986 година и досега нема никакви капитални интервенции или инвестиции во него. И времето си го направи своето, така што имаме огромни оштетувања, претежно во одводната и водоводната инсталација. Дограмата е во очајна состојба, можеби сме единственото средно училиште кое нема замена со ПВЦ дограма и имаме големи загуби на топлинска и електрична енергија, кои се и загуби на општината, како трошоци на училиштето. Се надевам дека ќе најдеме на уште поголемо разбирање во иднина и оваа помош од општината ќе се интензивира и ќе се зголеми. Во моментот, оваа инвестиција од општината е околу 3000 евра или 171.000 денари, за поправките кои се во тек. Со ова ќе се подобрат условите за работа и на учениците и на вработените, почнувајќи од 1 септември. Ова е прв пат од страна на општината и на еден градоначалник, да се додели ваква помош за некое училиште во тој износ, што претставува и сигнал дека доаѓа подобро време за образованието и подобрување на условите во кои што работиме, а кои се навистина лоши“, рече директорот на училиштето Владимир Роме.

По реновирањето на кабинетот по физика и кабинетот по електроенергетика, тие ќе бидат опремени со едукативна опрема која е веќе набавена во вредност од 5.500 евра, донација од Германска амбасада, каде партнер е и Општина Битола. Ова е прво поголемо реновирање на зградата на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, изградена пред повеќе од 30 години.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …