Со прогласувањето на најдобрите, во Крушево заврши ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“

Со прогласувањето на најдобрите, во Крушево заврши ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“

На градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ во Крушево, денеска беа доделени наградите за најдобрите натпреварувачи од ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“. Меѓу учесниците, најуспешен беше крушевчанецот Ставре Јада, кој освои две први и едно второ место.

Јада издвојува убедливи победи на трките на 10 и 12 километри, а со одлични резултати се истакнаа и Дамјан Пејчиноски и Михаела Даноска.

На помагателите и поддржувачите на меѓународниот натпревар, организаторот им додели благодарници, а претседателот на Советот на општина Крушево, Тома Петроски го затвори настанот, се заблагодари за успешната организација и ги покани учесниците и следната година повторно да земат учество на ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ во Крушево.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …