Со учество на отворањето на Самитот за трансформација на образование, премиерот Ковачевски започна со активностите на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

Со учество на отворањето на Самитот за трансформација на образование, премиерот Ковачевски започна со активностите на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

Започнаа активностите на Самитот за трансформација на образованието во рамките на 77-то Генерално Собрание на Организацијата на ООН во Њујорк. На отворањето на Самитот присуствуваа претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, амбасадорот на постојаната мисија на Република Северна Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, шефот на кабинетот на претседателот на Владата, Мартин Попов и советникот за надворешни работи, Едмонд Адеми. Настанот започна со воведно обраќање на Генералниот секретар на Организацијата на Обединети Нации, Антонио Гутереш а продолжува во текот на денот со дебата во чиј фокус се националните цели за обезбедување на квалитетно и достапно образование за секое дете.

Во рамките на овој Самит е предвидено обраќање на премиерот Ковачевски кое според агендата е околу 16:00 часот по локално време.

На Самитот за трансформација на образованието учествуваат над 90 лидери на шефови на држави и влади, кои ќе дебатираат за најдобрите начини на унапредување на образовните системи во земјите.

Прочитајте повеќе

Македонија го одбележува 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот

Македонија го одбележува 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот

Македонија денеска го  одбележува еден од најголемите денови 11 Октомври – Денот на народното востание, …