Собранието денеска ќе гласа за намалување на ДДВ за струјата

Собранието денеска ќе гласа за намалување на ДДВ за струјата

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека денеска во 13 часот ќе ја продолжи 45-тата седницата на која треба да се донесе Законот со кој ДДВ-то за електрична енергија треба да се намали од 18 на 5 проценти, кој беше предложен по скратена постапка. Но, и пратениците да дадат зелено светло, на граѓаните во изминативе 15 дена, како што соопштија од ЕВН, ќе им се пресметува повисока цена на струја за 12,3 проценти и 18 проценти ДДВ во зависност од тоа кога се читаат броилата за потрошена електрична енергија.

Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Тоа значи дека од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ. Џафери изјави дека ако пратениците брзо го донесат Законот веднаш ќе го прати кај претседателот Стево Пендаровски да го потпише Указот.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …