Собранието ги усвои измените за намалување на ДДВ за струјата

Собранието ги усвои измените за намалување на ДДВ за струјата

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за додадена вредност со кој даночната стапка на прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на пет проценти.

Намалената стапка ќе се применува од денот на влегување во сила на измените на Законот и ќе важи до 30 јуни 2022 година.

Целта на измените за воведување на повластени даночни стапки за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

Пратениците денеска дебатираа за предлог-законот. Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека ДДВ-то за електричната енергија од пет проценти треба да важи и за граѓаните и за индустријата.

Од друга страна пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ рече дека граѓаните веќе три и пол години користеле евтина електрична енергија.

Илире Даути – пратеничка на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива рече дека ова е „политичка измама на Владата“, бидејќи Владата предвидува измените да важат само една година и дека не го прифатиле нивниот амандман намалувањето на ДДВ-то да важи 10 години.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …