СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу: Инвестиции за подобрување на образовниот процес и професионалниот развој на наставниот кадар

СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу: Инвестиции за подобрување на образовниот процес и професионалниот развој на наставниот кадар

Во период од три години, во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ се инвестирани средства во висина од 3.234.000 денари. Станува збор за средства обезбедени од Општина Прилеп, Министерството за образование и наука како и поголем број на невладини организации, со кои се извршени бројни инфраструктурни зафати за подобрување на условите за изведување на наставата во училиштето.

„Денес состојбата на нашето училиште е целосно променета. Имаме модерно училиште со нови и опремени објекти кои одговараат на потребите на образовниот процес и учениците, но и простор за нови инвестиции и проекти, затоа што нашата цел е постојано подобрување на условите за работа и успешно образование на учениците. Заменети се старите дрвени внатрешни врати со нови термопан и топлотно изолациони врати. Се модернизира реализацијата на  наставата, при што набавени се смарт табли и телевизори, а посветуваме големо внимание и на професионалниот развој на кадарот вклучен во воспитно образовниот процес. Министерството за образование и наука им овозможи на учениците практичната настава да добие реални параметри. Кабинетот по практична настава се збогати со 10 компјутери со вграден професионален софтвер за сметководство, читач на бар кодови и фискална каса. Покрај реновирањето на подовите во холовите, влезот во училишната зграда и тоалетите на првиот кат од училишната зграда, за потребите на наставата по информатика набавени се нови компјутери, а збогатен е библиотечниот фонд со 29 книги со стручна литература, донација од Министерството за образование и наука“, истакна директорката на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“, Билјана Маркоска.

Како учесник во програмата од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ЕРАЗМУС плус, училиштето е добитник на 6 проекти, грантови, на кои учениците имаа и ќе имаат можност да се запознаат со различни култури, начини на учење, традиции, обичаии и секако да го надградат своето знаење.

Моделот за онлајн настава се покажа функционален и успешен, а наставниците и учениците се задоволни од тоа како се одвива наставата од далечина.

„Платформата на која се одвива наставата нуди многу можности кои ние секојдневно ги користиме и усовршуваме. Присутни сме на многу обуки, а нашите наставници редовно следат вебинари кои се организираат од страна на БРО и Едуино, што значи дека постојано сме на линија со сите идеи и можности за полесна реализација на наставата во домашни услови, на конкретен, практичен и професионален начин. За учениците кои што немаат уреди за онлајн учење, обезбедивме дел од училишните компјутери, а исто така имавме и неколку донации. Техничките средства кои им беа доделени ќе ги користат се’ додека трае оваа ситуација и не се во можност да обезбедат своја опрема. Исто така, наставниците имаат обврска да им печатат материјали и редовно да им ги доставуваат, но и да бидат во постојана комуникација со нив и нивните родители, за да го следат совладувањето на наставниот материјал. Во сите стручни училишта праксата е основа за успех, но за жал во услови на пандемија и покрај многуте обиди да ја реализираме, сепак не дозволивме да го ризикуваме здравјето на нашите ученици“, истакнува директорката Маркоска.

Инвестирањето во образованието е особено важно, па во таа насока во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ продолжуваат инвестициите за подобрување на условите за изведување и следење на наставата. Во таа насока ќе биде и реновирањето на постојниот објект во училишниот двор, односно неговата пренамена во библиотека со медиотека, како и партерното уредување на училишниот двор, проект аплициран до Министерство за образование и наука.

Прочитајте повеќе

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, …