Сојузот на борци со поддршка за референдумот

Сојузот на борци со поддршка за референдумот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вчера прими делегација на Главниот Одбор на Сојузот на борците на Македонија, предводена од претседателот на Главниот одбор д-р Никола Стојановски и од потпретседателот Борко Зафировски, како и од Претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на Борците на Скопје, д-р Трајко Стаматовски.

На средбата делегацијата на СБМ изрази благодарност до премиерот Заев и до Владата на РМ, како и до Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, за решението со кое на ГО на Сојузот на Борците на Македонија им е обезбеден простор во Домот на АРМ за извршување на админстративните и програмските активности на организацијата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на средбата истакна дека ќе се разгледаат и изнајдат можности за решавање на блокираната сметка на СБМ за да може сојузот да го реактивира редовното работење, како и програмските активности по повод 70 години од основањето на организацијата на борците и 75 годишнината од одржувањето на АСНОМ кое ќе се одблежи со низа активности во текот на идната година.

Делегацијата на Сојузот на Борците на средбата го поздрави договорот со Република Грција, а претседателот на Градскиот одбор на СБМ Стаматовски го покани премиерот Заев да учествува на дебата на која ќе бидат презентирани придобивките од договорот пред членовите на СБМ од повеќе општински организации кои ќе бидат поканети на овој настан.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …