СОНК продолжува со штрајкот

СОНК продолжува со штрајкот

Една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК, е зошто истиот бил предложен усно, а не во писмена форма, информираа од СОНК, од каде додаваат дека над 95 проценти од синдикалните органзации на СОНК се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција рече дека членовите на СОНК, реагираат на несериозниот пристап на надлежните кои, како што наведе, скоро два месеца преговараат со претставници на СОНК, а реално не даваат никаков конкретен предлог на доставените писмени барања од страна на СОНК.

„Членовите на СОНК констатираат дека ваквиот пристап од страна на Владата не води во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот. Зголемувањето на платите од 10 проценти во детска заштита, основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата, рече претседателот на СОНК Неделков“.

Претходно ресорните министри преку Фејбук ги повикаа членовите на СОНК да го прекинат штрајкот и да продолжи наставата во училиштата и градинките, а решение да се бара преку социјален дијалог.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …