Состанок на Комитетот на УНЕСКО, ќе се решава за Охрид

Состанок на Комитетот на УНЕСКО, ќе се решава за Охрид

Делегација на Владата ќе учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Делегацијата, што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, за време на сесијата на Комитетот, ќе се среќава високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот д-р. Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.

Делегацијата ќе се сретне и со колеги од Албанија, заради договарање понатамошмна соработка за заштита на Охридското Езеро и неговотo опкружување.

„За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Владата на Република Северна Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот регион, кој не ѝ припаѓа само на Северна Македонија, туку на целиот свет“, порачува Владата во соопштение за медиумите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …