Состојба со коронавирусот во општина Прилеп за период: 22 – 28 февруари 2021 година

Состојба со коронавирусот во општина Прилеп за период: 22 – 28 февруари 2021 година

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 315 нови случаи на Ковид-19;
Од последици на коронавирусот починале 10 лица;
Бројот на активни случаи изнесува 658;
75 лицa се наоѓаат на болничко, 499 на домашно лекување, а 84 се лекуваат во дневната болница;
Во домашна изолација и самоизолација заклучно со денеска се наоѓаат 470 лица;
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.431, а од вирусот починале 264 лица.
Дополнително, од Центарот за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата евидентирани се 8 случаи на реинфекција со вирусот Ковид-19.

Прочитајте повеќе

Осум пациенти треба да се вратат од странство неделава, четири се во критична состојба

Осум пациенти треба да се вратат од странство неделава, четири се во критична состојба

Четири од пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична …